еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

5,12% е просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во јули

Податоци на Народната банка покажуваат дека каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во јули, изнесува 5,67 проценти, што претставува месечен раст од 0,01 процентен поен.

Вкупните депозити на домаќинствата се со каматна стапка од 1,89 проценти со месечно зголемување од 0,05  процентни поени.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,46 проценти и бележи месечен и годишен пад од 0,01 проценен поен и 0,03 процентни поени, соодветно, додека просечната каматна стапка на вкупните депозити на месечно и годишно има зголемување од 0,05 процентни поени и 0,43  процентни поени, соодветно и изнесува 1,93 порценти.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 5,12 проценти и на месечна основа е зголемена за 0,04 процентни поени, при годишно намалување од 0,45 процентни поени.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,76 проценти и е зголемена за 0,24 процентни поени на месечно ниво, при годишен раст од 0,55 процентни поени.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор се со месечен пад од 0,03 процентни поени и изнесува 5,23 проценти.

Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,64 процентни поени и изнесува 3,03 проценти.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата нема да се спогодува со обвинетите од СЈО пред судот во Стразбур, ќе бара докажување на случаите

Редакција

Во мирување протестот во Пошта, постигнат договор за платите

Редакција

До сега попишани вкупно 1.383.434 лица, 431.573 домаќинства и 595.754 станови

Редакција