еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Лидерот на „Златна Зора“ доби 13 години затвор, убиецот на антифашистичкиот активист и рапер доживотен затвор

Во Атина при крај е судењето против лидерот и другите членови на ултранационалистичката партија „Златна Зора“ (Хриси Авги), и денеска се читаат изречените казни, откако минатата седмица беа изречени пресудите за вина, пренесува „Мета.мк“.

Претседателот на партијата, Николаос Михалолиакос доби 13 години затвор, Јоргос Рупакис доби доживотна затворска казна за убиството на раперот и антифашистичкиот активист Павлов Фисас во 2013 година, како и плус 10 години затвор за поседување и користење оружје.

Екстремно десничарската партија „Златна Зора“ (Хриси Авги) веќе десетина години е еден еден од сериозните фактори на политичката сцена во Грција и беше присутна и во парламентот во некои мандати.

Меѓу 68-те обвинети во судскиот процес се и 18 поранешни пратеници од партијата.

Судот разгледуваше четири проблеми презентирани во една тужба: фаталното прободување на грчкиот рап-пејач Павлос Фисас со нож, напади врз рибари-мигранти, напади врз левичарски активисти и дали Златна Зора функционира како криминална организација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Историска пресуда не само за Грција: Грчката партија „Златна зора„ прогласена за криминална организација, илјадници Грци ракоплескаа пред судот

Мета/Фото: Καμπότζο/CC BY-SA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 91 оздравени од Ковид-19

Редакција

(Видео) Прв пат: Камерите во Маврово „уловија“ три риса за триесет секунди

Редакција

(Видео) “Мразам што те сакам“ – нова песна на Антониа Гиговска

Редакција