еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Најмалку 10 лица убиени во училиште за возрасни во Шведска

Најмалку 10 лица се убиени денеска во училиштето за возрасни „Рисбергска“ во шведскиот град Еребро, потврдија локалните власти.

Неколку лица се пренесени во болница.

Се препоставува дека и убиецот е помеѓу починатите, но нема потврда дека се самоубил.

Шведските медиуми објавија дека станува збор за 35-годишен маж.

Шведската полиција засега нема информација за мотивот. Убиецот не ѝ бил познат на полицијата од порано, немал врски со банди и полицијата не верува дека е во прашање тероризам.

Училиштето е во рамки на кампус, во кој се наоѓаат и други училишта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф.Трајковски: Ковид-19 се уште останува подмолна болест што заслужува внимание, смртноста е 2,5 пати повисока од грип

Редакција

Тестирајте се: Годинава регистриран 41 случај со ХИВ и тројца починати, најмладиот имал 21 година

Редакција

(Фото) Палењето на дивите депонии во околината на Скопје го загадува воздухот во градот

Редакција