Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова денеска во Ватикан имаше аудиенција кај Папата Франциск.
-Со Светиот Престол имаме нераскинливи историски врски преку важни личности од заедничкото минато. Благодарност до Папата Франциск за пријатниот и конструктивен разговор.
Уверена сум дека во период што следи уште поинтензивно ќе се залагаме за продлабочување на севкупните односи со Светиот Престол и ќе го негуваме меѓусебното почитување базирано на заедничките историски, културни и верски традиции, напиша таа на Фејсбук за аудиенцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силјановска и Радев нема да се сретнат во Рим
(Фото) Што му подари Силјановска на Папата Франциск
Кој сѐ ќе оди со Силјановска во Рим и Ватикан
Фото: Кабинет на претседателката
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.