еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Го прекрши ли Гаши Уставот и Законот за македонски јазик?

И заклетвата на новиот претседател на македонското Собрание, Африм Гаши предизвика лавина од реакции во јавноста. Тој за разлика од македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова го употреби уставното име, ама заклетвата прво ја кажа на албански, а потоа на македонски јазик.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска информираше дека заради тоа поднела претставка против него до Инспекцискиот сектор при Министерството за култура.

-Не може и не смее да се премолчи за заклетвата дадена на скандалозен начин од првиот човек на Собранието, смета таа и нагласува дека Законот за употреба на македонскиот јазик прецизно ја афирмира правичната употреба на македонскиот јазик.

Од Левица пак за Гаши најавија и кривична пријава, а реакција од ВМРО-ДПМНЕ засега нема.

Реагираше и Кабинетот на Гаши од каде велат дека употребата на албанскиот јазик во службената комуникација е загарантирана со Уставот и дека тој „ова законско право ќе го остварува во текот на целиот мандат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Африм Гаши, кој е избран за претседател на Собранието

Кој е Африм Гаши, кој е избран за претседател на Собранието

(Видео) Африм Гаши, новиот претседател на Собранието како рапер

Фото: Гаши/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани

Редакција

Македонскиот државјанин хоспитализиран со коронавирус во Јокохама е во добра здравствена состојба

Редакција

106 нови случаи на Ковид-19 од 761 тестирања, во Скопје 72

Редакција