еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Горивата поевтинуваат до 1,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12%.

Малопродажната цена на бензинот Eуросупер БС-95 со новата одлука од вечерва на полноќ се намалува за 1 денар за литар и истиот ќе се продава за 79 денари.

Цената на бензинот Eуросупер БС-98 се намалува за 0,50 денари за литар и ќе се продава за 81,50 денари.

Дизелот поевтинува за 1,50 денари за литар и ќе се продава за 73 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Биљал Касами е новиот градоначалник на Тетово, Теута Арифи го призна поразот

Редакција

Вкупно 2.866: Од Ковид-19 починаа 11 лица

Редакција

Македонија го победи Катар на Светското првенство во ракомет

Редакција