еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Моја Кравица чоколадно млеко е вистинско уживање за секој ден, со богат чоколаден млечен вкус, направено од темно, млечно чоколадо и млеко – идеално за моменти на релаксација, за најмалите во замена за десерт или за возрасните, како награда по напорниот ден.

Чоколадното млеко не е само задоволство и уживање истовремено тоа е и многу хранливо за целото семејство. Често нѐ потсетува на детството и е прекрасна комбинација од богато какао и млеко која обезбедува многу здравствени придобивки.

Богат извор на хранливи материи

Чоколадното млеко е ризница на есенцијални хранливи материи, вклучувајќи калциум, протеини, витамин Д и фосфор. Сите овие хранливи материи се многу важни за одржување на целокупното здравје, густината на коските, раст и регенерирање на мускулите и уште многу други значајни здравствени придобивки.

Регенерирање и издржливиот на мускулите

Чоколадното млеко е супер  идеален пијалак и за после вежбање поради неговиот балансиран сооднос на какао, јаглени хидрати и протеини, што помага во надополнување на гликоген и помага во регенерирање на мускулите. Неговата содржина на протеини го поддржува и олеснува растот на мускулната маса, за зголемување на издржливоста и намалување на исцрпеноста после тренинг што го прави вреден пијалак за спортистите и фитнес ентузијастите.

За подобра концентрација и меморија

Пиењето чоколадно млеко има многу придобивки и помага за подобри перформанси на когнитивните функции благодарение на неговата комбинација на хранливи материи. Флавоноидите во чоколадното млеко ја подобруваат функцијата на мозокот, ја подобруваат меморијата и ја зголемува концентрацијата и енергијата.

Го подобрува здравјето на срцето

Чоколадното млеко е добро и за здравјето на срцето поради присуството на флавоноиди во какаото, кои се поврзани со одржување на здраво срце и го намалува ризикот од срцеви заболувања. Дополнително, антиоксидансите кои се наоѓаат во чоколадното млеко, дополнително придонесуваат за заштита на срцето од оксидативен стрес.

За подобро расположение

Чоколадното млеко покрај со неодоливиот вкус кој придонесува за среќа, задоволство и незаборавно уживање содржи соединенија кои можат да придонесат за подобро расположение и намалување на нивото на стрес и анксиозност.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Дејан Трајковски: 1.665 починати од ковид на милион жители, со што се наоѓаме на 6. место во светот

Редакција

Голема Богородица – 28 август, неработен ден за православните верници

Редакција

9.905 лица по вторпат се заразиле со коронавирусот, 26 по третпат, 17 починале

Редакција