еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дебарски бањи Цапа лани со намалена добивка

Дебарски бањи Цапа АД Дебар лани од пружените услуги за бањско лекување и рехабилитација како основна дејност, како и хотелиерство и угостителство и други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат од 1,283 милиони денари, додека во истиот период од претходната 2023 година, Друштвото остварило позитивен финансиски резултат од 14,546 милиони денари, информираа од таму преку Македонската берза.

-Вкупните приходи во периодот 01.01.- 31.12.2024 година изнесуваат 202,562 милиони денари и се намалени за 0.4% во сооднос со истиот период од претходната 2023 година.

Вкупните трошоци од редовното работење до 31.12.2024 година изнесуваат 198,272 милиони денари и се зголемени за 7.15% во однос на 31.12.2023 година.

Притоа останатите финансиски показатели како што се степенот на финансиска сигурност, степенот на самофинансирање и општата ликвидност се на добро ниво, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дебарски бањи Цапа лани со зголемена добивка

Дебарски бањи Цапа лани работела со добивка

Фото: Дебарски бањи Цапа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Култната „Жикина династија” се враќа со ново продолжение

Редакција

Доктор Беќаровски: Проливот, гадењето и повраќањето многу често се првиот симптом дека сте заразени со омикрон БA-5

Редакција

Новите лекови на позитивната листа во аптеките ќе бидат достапни од 16. септември

Редакција