еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска се очекува обилен дожд и силен ветер, над 80 километри на час

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека денеска во западните делови од земјата ќе дува силен ветер, кој наместа ќе достигне брзина и над 80 километри на час.

Дождот, кој најпрво ќе врне во западните делови од државата, кон крајот на денот ќе се прошири во поголем дел од земјата, а врнежите ќе бидат пообилни во западните и северозападните делови (над 20л/м2), особено во текот на ноќта.

На планините во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег.

Ќе дува засилен до силен јужен ветер, особено во западните планински подрачја (над 80 km/h).

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца припадници од обезбедување на претседателот на Собранието, Гаши, повредени во сообраќајка

Редакција

Просечната пензија од 17.666 денари се зголемува на 19.150 денари

Редакција

Конечно убава вест: Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Редакција