еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детален преглед: Во Македонија активни 12 пожари

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска информираа дека во земјава се уште се активни 12 пожари.

Активни се пожарите меѓу селата Драгоево и Селце и селата Пухче и Пиперово во Општина Штип, пожарот кај армискиот полигон Криволак во правец на штипското рамниште, а од неготинска страна е ставен под контрола, како и пожарот кај селото Бадилен во Општина Ново Село.

Пожари има и меѓу селата Габровник и Мокрени и меѓу Јаболчишта и Дреново во Општина Чашка, меѓу селата Сирково и Мрзен Ораовец во Росоман, кај селото Фалиш во Општина Кавадарци, селото Небрегово во Општина Долнени, кај Пашин мост во Општина Велес, меѓу селата Подлец и Чичево во Општна Градско, како и кај градската депонија во Делчево.

Најкритичните пожари се гасат и од земја и од воздух.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

(ВИДЕО) Младата активистка Тунберг им го „плесна“ на светските лидери: „Како се осмелувате, ми ги украдовте соништата и детството“

Редакција

Сиљановска Давкова откако се објави кој е помилуван видела дека некои од помилуваните се “навистина интересни во негативна смисла“

Редакција