еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детали за сообраќајката во која загина поранешниот пратеник Живко Пејковски

Министерството за внатрешни работи (МВР), соопшти детали за сообраќајната несреќа во која загина поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот Идризово, Живко Пејковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во сообраќајка загина поранешниот пратеник Живко Пејковски

Несреќата се случи на 29, ноември, а тој вчера беше погребан во Демир Хисар.

Истата се случила на регионалниот пат Р-1305, на место викано Чагор, при што се судриле патничко возило „Фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.С. (34) од Демир Хисар и патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од починатиот Пејковски, а кое е во сопственост на  Агенцијата за храна и ветеринарство.

Пејковски починал на лице место, а лекар од Итната медицинска помош од Демир Хисар констатирал смрт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 177 оздравени од Ковид-19

Редакција

Дизелот певтинува за 2,5, а бензините за половина денар

Редакција

Меѓусебни дофрлања и приговори: Тензично на рочиштето за супервештачењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција