еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

И полицаец побарал помош поради вдишување чад: Детали од МВР за пожарот во зграда во Чаир

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека неколкумина станари, еден пожарникар и еден полициски службеник утринава побарале медицинска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ откако вдишале чад од пожарот што во текот на ноќта избувнал во подрумски простории во зграда во скопски Чаир.

Според МВР, утрово во 06:30 часот од кровот на зградата биле симнати повеќе станари и ниту еден од нив немал повреди.

Од таму велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Скопје во текот на ноќта, во 01:50 часот добиле пријава за пожар во запален магацин на неутврдена површина на улицата „Прохор Пчински“ во Скопје.

Во гаснењето на пожарот, кој зафатил и дуќани, интервенирале 20 пожарникари со седум противпожарни возила.

Од противпожарната единица потврдуваат дека еден пожарникар бил однесен на Токсикологија поради големо количество вдишан чад при интервенцијата.

Пожарникарите во текот на интервенцијата ги евакуирале станарите од зградата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

31 возрасен и 12 деца се затруле со чад при пожарот во зградата во Чаир

Најмалку шест лица меѓу кои и пожарникар се повредени во пожар во зграда во Чаир, 100 лица евакуирани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) No Bull и B-good food Co., нови македонски бренда кои целат кон светскиот пазар

Редакција

Музика од филмовите на Стенли Кјубрик: Kонцертот на Филхармонија во Градски парк ќе се одржи на 19 јуни

Редакција

Блерим Река, кандидатот за претседател на Македонија, стана министер во новата косовска влада

Редакција