еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детската болница Козле прерасна во Клиника за респираторни заболувања кај децата

Детската болница Козле прерасна во Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата по донесената одлука од Владата.

Со прераснувањето во универзитетска Клиника, оваа установа се зајакнува како наставно-научна база во рамки на која врвен стручен кадар ќе го пренесува своето знаење и искуство на помладите специјализанти и студенти.

Универзитетската клиника Козле како установа постои веќе 72 години и претставува единствен центар на Балканот кој третира исклучиво респираторни заболувања, односно заболувања на дишните патишта кај децата.

На годишно ниво овде се вршат над 35 илјади амбулантски прегледи и над 4 илјади хоспитализации на деца со респираторни заболувања, а стручниот кадар опфаќа 55 доктори специјалисти и супспецијалисти од над 200 здравствени работници.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Магичните водопади во Долината на солзите на Исланд го одземаат здивот

Редакција

Шест скопски општини со по над илјада активни случаи на Ковид-19, Гази Баба прва

Редакција

(Фото) Автомобил падна во канал на влезот во Кочани, возачот се здобил со повреди на главата

Редакција