еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Сметкопотврдите сепак требаат, има „дупка“ во измените на законското решение

Со членот 2 од Законот за измени и дополнување на Законот за ДДВ се дава можност на даночните обврзници регистрирани за цели на данокот на додадена вредност, правото на одбивка на претходен данок да го остварат и со поседување само на фискална сметка чиј вкупен промет не надминува 6.000 денари.

Но сепак, и покрај овие измени повторно е потребна сметкопотврда како задолжителен прилог кон фискалната сметка за цели на правото на одбивка на влезно ДДВ.

„Тоа е така, бидејќи самата фискална сметка не ги задоволува сите барања наведени во член 53 за да може фискалната сметка самостојно да се смета како фактура по која може да се оствари правото на одбивка на влезно ДДВ“, велат за „еМагазин“ сметководители кои ги консултиравме.

Што е спорно?

Елементи кои мора да ги содржи документот, се:

– Место, дата на издавање и број.

– Име (назив) и адреса на даночниот обврзник кој го извршува прометот и негов даночен број под кој е регистриран за данок на додадена вредност.

– Име (назив) и адреса на примателот на доброто или корисникот на услугата.

– Ден на извршениот промет.

– Количина и опис на прометот.

– Износ на надоместокот за извршениот промет, без данок на додадена вредност.

– Применета даночна стапка.

– Износ на пресметаниот данок на додадена вредност.

– Вкупен износ на надоместокот за извршениот промет и данокот на додадена вредност.

– Име презиме и потпис на овластеното лице за потпишување на фактури кај издавачот на фактурата.

Имајќи ги предвид сите овие потребни податоци, фискалната сметка не ги содржи истите и од тука потребата за сметкопотврда.

Кај фискалната сметка недостигаат име (назив) и адреса на примателот на доброто или корисникот на услугата како име, презиме и потпис на овластеното лице за потпишување на фактури кај издавачот на фактурата. Од тие причини се бара сметкопотврдата за да бидат задоволени сите овие барања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Ниту еден позитивен на корона вирусот од 80 теста во скопските градинки

Редакција

Зеленски ја оцени како историска одлуката на Хашкиот суд за апсење на Путин

Редакција

Одлука на Владата: Од граница директно во државен карантин

Редакција