еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Зеленски ја оцени како историска одлуката на Хашкиот суд за апсење на Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја оцени како „историска“ одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, кој го сомничи за воени злосторства за „депортирање“ на деца од Украина.

„Историска одлука, која го означува почетокот на историската одговорност“, нагласи Зеленски во видео објавено на Телеграм.

Претседателството на Украина претходно денеска ја поздрави одлуката на МКС.

„Тоа е само почеток“, рече шефот на кабинетот на украинското претседателство, Андриј Јермак.

Судот во Хаг објави дека советот за претходна постапка утврдил дека постојат „суштински причини да се верува дека секој од осомничените е одговорен за военото злосторство илегална депортација на население и незаконско преселување на населението од окупираните територии на Украина во Русија, на штета на украинските деца“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин, Москва одговори дека одлуките на Судот не важат за Русија

МИА/Фото: Фејсбук/Зеленски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Тројца загинати по напад со калашников на автобус со ученици во Косово

Редакција

Се отвара ли работа за прaвниците: Што е разликата меѓу задолжителен и консултативен референдум?

Редакција

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги купува два автомобили за 34.000 евра

Редакција