еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Се отвара ли работа за прaвниците: Што е разликата меѓу задолжителен и консултативен референдум?

Во јавноста настана забуна по најавата на Владата дека референдумот за промена на името најверојатно ќе биде консултативен, наместо задолжителен. Имено, во играта на зборови власта ветува дека резултатот од консултативниот референдум ќе биде обврзувачки.

Сепак, Законот за референдум во членот 8 и членот 27 прецизно го регулира ова прашање и прави разлика меѓу задолжителен и консултативен референдум.

Истовремено, останува дилемата како Владата планира да спроведе консултативен референдум за прашање кое според Законот за референдум (член 29 и 30) мора да има задолжителен каракатер бидејќи со него Македонија пристапува во воен сојуз односно заедница на државни какви што се НАТО и ЕУ.

Член 8

1) Референдумот се распишува заради одлучување на граѓаните или за консултирање на граѓаните.

2) Одлуката донесена на референдумот за одлучување е задолжителна.

3) Одлуката донесена на референдум за консултирање не е задолжителна.

Член 27

За претходно консултирање на граѓаните за прашања од пошироко значење за Република Македонија може да се распише референдум на државно ниво за консултирање на граѓаните (референдум за консултирање).

Член 29

(1) Одлуката за менување на границата на Република Македонија и одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави се усвоени на референдум ако на референдумот за нив гласало мнозинството од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список.

(2) Одлуката од ставот (1) на овој член усвоена на референдум е задолжителна.

Член 30

(1) Одлуките на референдумот на државно ниво се сметаат за усвоени ако за нив гласале мнозинството од вкупниот број граѓани кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список, освен во случаите кога за одделни прашања со Уставот и со овој закон поинаку не е утврдено.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјани и Тетовчани мазохисти, уживаат да се гушат во загадениот воздух

Петре Димитров

Со претходни заболувања 3 лица од новозаразените со коронавирусот во Македонија

Редакција

Обвинение за двајцата насилници во автобусот на ЈСП кои се закануваа на жена дека ќе ја „стават во киселина“

Редакција