еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нема договор помеѓу Владата и банките за каматата за кредитите од унгарскиот заем

Во Министерството за финансии денеска се одржа состанок со Македонската банкарска асоцијација за кредитите од унгарскиот заем.

„Би го поделил состанокот во три дела. Првиот дел е оној дел којшто се однесуваше во делот на рочноста, времетраењето и слично. Вториот дел е желбата да се учествува во проектот и третиот дел е поврзан со каматната стапка.

Во делот на желбата дека сакаат да учествуваат како Македонска банкарска асоцијација, членките и членовите е несомнен и сите изразија желба и подготвеност да бидат дел од овој процес од тоа што можев да го слушнам од нивните претставници.

Во делот на рочноста заземавме заеднички став дека во зависност од барање на клиентите ќе ја користиме формулација до три години грејс период и до петнаесет години рок на отплата, бидејќи членките кажаа има поедини клиенти коишто сакаат пократок рок итн. и затоа велиме до три години и до петнаесет години рок на отплата, тоа мислам дека го усогласивме и прифативме.

Во делот на каматата ќе се преговара уште оваа недела и ќе видиме, очекувам до крајот на следната недела во втората половина веќе ќе имаме некаков став поврзан со тоа прашање и на тој начин би го заокружиле сето ова и конечно би почнале да сето ова аплицираме и се пренесе на стопанството,“ изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради корона вирусот во Дебар и Центар Жупа можно воведување карантин

Редакција

Нови 119 случаи на Ковид-19 од 2.065 тестирања, половината од Скопје

Редакција

Вознемирувачки снимки од силниот земјотрес во Тајван

Редакција