еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Дождливо време до петок и пад на температурите

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи и пообилни во јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со повремен пороен дожд и појава на грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, проследени повремено со грмежи.

Од денеска до петок врнежите наместа ќе бидат пообилни и повремено поројни. Денеска температурите преку денот ќе бидат за 3 до 5 степени пониски, а потоа температурата ќе биде во постепен пораст.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како изгледаат автобусите со кои повратниците од странство се носат во карантин

Редакција

МНР: Седум македонски државјани меѓу кои и дете се во хотел во близина на манастирот Бањска, во кој се напаѓачите на косовската полиција

Редакција

Пратениците изгласаа Собранието да има пет потпретседатели

Редакција