еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Докторот Беќаровски од МЗ обвинет дека навредувал етнички Албанци, најави тужба

Преку статус на Фејсбук, од Министерството за здравство (МЗ) го обвинија докторот од Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски за наводни навреди на вработени етнички Албанци.

Објавата на МЗ од вчера се уште стои, а за истата на Фејсбук се огласи и Беќаровски, кој побара извинување и најави кривична пријава за министерот за здравство, Илир Демири, кадар на поделената Алијанса за Албанците, од крилото на Зијадин Села.

Во неговиот пост директно му се обраќа на Демири:

-Искрено се надевам дека објавата е без Ваше знаење и одобрение, бидејќи со истата ми нанесовте несогледлива штета на мојот углед, базирана на лажни изјави, на незаконски архивиран документ, на кој не стои ниту едно име, за која ќе следува соодветна судска тужба кон инволвираните.

Инпутирање на било какви национални навреди е најблаго речено дегутантно.

И јас, впрочем како и Вие, секогаш сум бил исклучиво поборник за максимален професионализам, базиран на квалитет и мерит систем, без никакви други предрасуди. Најколегијално, Ве замолувам во следните 24 часа јавно да се оградите од оваа несреќна објава на сајтот и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед.

Воедно Ве поканувам во текот на идната недела да ја посетите УК токсикологија и да остварите состанок со Стручниот колегиум на Клиниката, за заедно да ги продискутираме наталожените проблеми кои сериозно влијаат на квалитетот на здравствените услуги“, пишува Беќаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на Токсикологија, Петровски, бил разрешен поради несовесно работење, велат од Министерството за здравство

Мистерија е образованието на директорката на Токсикологија, Бесија Иљази, која незнае македонски јазик

Фото: Фејсбук/Беќаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за организаторите на „27 април“

Редакција

МОН распиша тендер за реконструкција на училишта „тежок“ 66,6 милиони денари

Редакција

Убава вест: Оздравени 376 болни од Ковид-19

Редакција