еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Европа ќе ја задржи воената помош за Украина и ќе го продолжи економскиот притисок врз Русија, заклучено на денешниот Самит во Лондон

Европа ќе ја задржи воената помош за Украина и ќе го продолжи економскиот притисок врз Русија, заклучено е на денешниот Самит на европските лидери во Лондон.

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека секој траен мир мора да го обезбеди суверенитетот и безбедноста на Украина, а Украина мора да биде на преговарачката маса.

“Во случај на кровен договор ќе продолжиме да ги зајакнуваме одбранбените капацитети на Украина за да се спречи каква било идна инвазија.

Ќе формираме „коалиција на подготвените“ кои ќе го бранат договорот во Украина и да гарантираат мир. Не секоја држава ќе биде во позиција да даде придонес, но тоа не значи дека ние само ќе останеме на страна.

Обединетото Кралство е подготвено да го поддржи овој план со војници на терен и авиони во воздух заедно со други земји. Европа мора да го преземе тешкиот дел, но за да го осигураме мирот на нашиот континент и за да успееме овие напори мора да имаат силна поддршка од САД. Се наоѓаме на историска пресвртница“, изјави Стармер по завршувањето на самитот.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека на Украина и се потребни сеопфатни безбедносни гаранции, поддржувајќи ги нејзините економски и воени позиции.

“Европската унија итно треба повторно да ја вооружи Европа, а Европската комисијата ќе предложи план за тоа на состанокот на Европскиот совет на 6. март. Сега од најголема важност е да се зголемат инвестициите во одбраната на подолг временски период. Ова е заради безбедноста на Европската унија и неопходно е да се подготвиме за најлошото во геостратешкото опкружување во кое живееме“, рече Фон дер Лејен.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Премиерот Заев „провери“ да не има утка со германското знаме

Редакција

Европската ракометна федерација го суспендира Драган Начевски, поради наводна вмешаност во местење натпревари

Редакција

Отец Пимен за Денот на независноста: Како тоа сите толку многу ја сакаме Македонија, а толку многу се мразиме како Македонци меѓусебно

Редакција