еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЕСМ на ЕВН Хоме и понуди 62 евра за мегаватчас, за 3,33% повисока цена на струјата од сегашната

ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-јуни 2025 доби најповолна понуда од АД ЕСМ со купопродажна цена на електрична енергија од 62 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини, велат од компанијата.

„Оваа цена е за 3,33% повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јули-декември 2024), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 60 евра за мегаватчас.

За покривање на загубите на електрична енергија, на одржаните тендери Електродистрибуција доби просечна цена од 106,04 евра за мегаватчас. Претходно оваа цена изнесуваше 105 евра за мегаватчас.

Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри.

Како и секогаш, во крајната цена влегуваат: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција,“ се вели во соопштението.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Патник и возачот пренесени во болница: Детали од МВР за сообраќајката на автобусот на ЈСП кај Мавровка

Редакција

На Ременски ќе и се суди заедно со Боки 13, одобрено обвинението за случајот „Рекег 2“

Редакција

Од Ковид-19 починаа 24 лица, најмладиот на 35-годишна возраст

Редакција