еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Жена загина во тешка сообраќајка во Скопје

На 21.11.2023 во 15,07 часот во СВР Скопје пријавено е дека на крстосница од магистрален пат Скопје – ГП Долно Блаце и сервисна улица која го поврзува патот со обиколницата околу Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу минибус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки, управуван од Р.Х. (63) од Р. Косово и патничко возило „голф“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Ф.И. (19) од Скопје. Ф.И., Р.Х., како и патниците од минибусот, К.А. (67) и В.А.А.(33) од Скопје, Г.М.(45) и Е.М. (75) од Косово биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош, а Ш.Ш. во ГОБ „Св. Наум Охридски“, информираат од МВР.

На Ф.И., Р.Х., В.А.А., Е.М. и Г.М. им се констатирани телесни повреди, на Ш.Ш. тешки телесни повреди, а К.А. починала од здобиените повреди.

Извршен е увид од СВР Скопје и известен јавен обвинител, а возачот Ф.И. е лишен од слобода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Поради кражби, грчките земјоделци стават ГПС на маслинките

Редакција

Земаат лек за дијабет за да слабеат, ризикувајќи си го здравјето и оставајќи ги дијабетичари без лек

Редакција

Нови 677 случаи на Ковид-19 од 3.317 тестирања

Редакција