еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

За новогодишната ноќ 20-годишник прободен со нож, 23 лица во Скопје завршиле на Токсикологија

На Ургентниот центар во Скопје изминатата ноќ биле извршени 103 прегледи, а на Клиниката за токсикологија 23, пренесе државната агенција МИА.

Освен повредени во три сообраќајни незгоди, на Ургентен бил донесен и 20-годишен пациент, кој при физички напад бил прободен со нож. Тој е примен на Клиниката за торако-васкулара хирургија и е во стабилна состојба.

Еден пациент, пак, е примен на Клиниката за дигестивна хирургија за натамошен третман и, исто така, е во стабилна состојба.

На Клиниката за токсикологија сите случаи биле акутни интоксикации и ниту еден пациент не е задржан. По прегледите пациентите се пуштени дома. Притоа, повеќето биле жени.

„На Ургентниот центар во Скопје изминатата ноќ беа извршени 103 прегледи од кои три беа од сообраќајни незгоди. Еден пациент е примен на Клиниката за дигестивна хирургија за натамошен третман и е во стабилна состојба.

Имаше и три физички напади, еден пациент е примен на Клиниката за торако-васкулара хиругија. Се работи за убод со нож, но пациентот е во стабилна состојба. Сите останати случаи се со лесни телесни повреди и се пуштени на домашно лекување,“ изјави Ерен Сејфула, ортопед.

Според Кирил Наумовски од Клиниката за токсикологија, бројот на актуните интоксикации поврзани со психоактивни супстанци расте секоја година.

„Ноќта помина во најдобар ред. Го држиме порсекот од изминатите години со 23 прегледи заради акутни интоксикации од кои 12 со 11 се полнолетни и малолетни. Најмладите пациенти годинава беа над 14 години, а најстариот 63 години. Сите прегледани во изминатите 24 часа се испратени на домашно лекување, ниту еден не е задржан,“ информира Наумовски, додавајќи дека многу често дел од пациентите не ја кажуваат вистината и велат дека пиеле само алкохол.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски: Стратешкиот дијалог со САД не е замена за членството во ЕУ, Брисел да се одважи и да си ја исполни обврската

Редакција

Нивото на доверба на македонските граѓани во ЕУ на рекордно ниско ниво

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на Општата болница Струмица за набавка на масло за греење вреден 196.000 евра

Редакција