Вчера помина еден месец од пожарот во т.н. дискотека “Пулс„ во Кочани, во кој загинаа 61, а беа повредени 203 лица.
На дел од повредените ќе им требаат и до две години за да целосно заздрават.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На дел од повредените во пожарот во Кочани ќе им требаат и до две години да заздрават
Досега со проширената истрага на Основното јавно обвинителство се опфатени 59 лица, од кои четворица се поранешни министри за економија, тројца градоначалници на Општина Кочани, 14 полициски службеници, поранешни и актуелен директор на Дирекцијата за заштита и спасување…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Беким Незири, поранешниот министер осомничен за пожарот во Кочани
Каков имот пријавил амбасадорот Дритон Кучи, кој доби мерки за претпазливост за пожарот во Кочани
Дел од нив завршија во затворски, дел во куќен притвор, а неколку добија и мерки на претпазливост.
Од Обвинителството најавуваат над 300 сведоци, а последната информација која ја споделија од таму е дека се вештачат над 70 мобилни телефони и 30-тина десктоп и лаптоп компјутери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зад кои други фирми стоел Дејан Јованов Деко, газдата на дискотеката во Кочани
Кој е Ваљон Сарачини, поранешниот министер, кој е дел од новите 19 осомничени за пожарот во Кочани
Каков имот пријавил градоначалникот Папазов, кој поднесе оставка поради трагедијата во Кочани
Фото: Игор Бансколиев