еМагазин
Image default
Спорт

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ достојно го претставија македонското карате во Анталија

Членовите на скопскиот клуб „Макпетрол“, Петар Заборски и Петар Спасеновски, остварија солидни резултати на неодамнешниот турнир од Светската 1 карате премиер лига што се одржа во Анталија.

Заборски се пласира на седмата позиција во категоријата под 75 килограми. Тој во четвртфиналето загуби од Абилмансур Батиргали од Казахстан (0-2). Спасеновски, пак, во елиминацискиот дел заврши како втор во седмата група во категоријата до 84 килограми.

Претходно, Заборски извојува три победи во петтата група и го освои првото место. Неговиот противник не се пласира во финалето поради што членот на „Макпетрол“ не доби шанса да се бори за бронзениот медал. Во групната фаза, Заборски ги оствари следните резултати против: Тијаго Дуарте (Португалија) 1-0; Мичел Дурам (Австралија) 2-1 и Даниеле де Виво (Италија) 0-0.

Спасеновски оствари две победи во елиминациските борби, а во третата, со каратистот од Азербејџан загуби. Тој заврши како втор во групата, зад Хасанов, и не ги продолжи борбите. Вториот претставник на „Макпетрол“ во Анталија ги оствари следните резултати против: Андрин Маркез (Франција) 3-3; Гонкало Фреитас (Португалија) 3-3; Тургут Хасанов (Азербејџан) 1-4.

Светската 1 премиер карате лига е највисоко рангиран натпревар со најквалитетна конкуренција на спортисти. Во Анталија имаше 377 учесници од 60 држави. Каратистите на „Макпетрол“ се единствени кои обезбедија норма да бидат во конкуренција на Топ-32 рангирани каратисти на ранг-листата на ВКФ (Светската карате федерација).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските ракометари загубија од Шведска во првиот натпревар на Светското првенство во Египет

Редакција

Омилените 3 км се приближуваат: Започнa пријавувањето за 10. Авицена Женска трка

Редакција

Нашите и полициските истраги не најдоа докази за местење натпревари од страна на судиите, велат од Европската ракометна федерација

Редакција