еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Зетот на Трамп ќе гради луксузен комплекс во Белград, еве како ќе изгледа

Џеред Кушнер, зетот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, преку неговата инвестициска фирма, „Афинити Партнерс“ ќе гради луксузен комплекс во Белград, Србија.

Комплексот ќе се гради на местото на објектот на поранешниот Сојузен секретаријат за национална одбрана, кој беше уништен од бомбардирањето на НАТО во 1999 година, што предизвика различни реакции во тамошната јавност.

Фирмата на Кушнер доби од српските власти 99-годишна дозвола за градење, а договорот за градење е веќе потпишан.

Кушнер му беше советник на Трамп од 2017 до 2021 година. Тој е сопруг на Иванка Трамп, постарата ќерка на Доналд Трамп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„И сега без докази како ќе знаат кој да амнестираат?„: Твитер за поплавата во СЈО

Редакција

Дизелот поевтинува за два денари, цената на бензините останува иста

Редакција

Макрон и Путин се договориле за обезбедувањето на украинските нуклеарни централи

Редакција