еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ЗНМ и ССНМ со претставка до МВР за приведувањето на Фуркан Салиу

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ќе поднесат формална претставка до Секторот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи (МВР), за апсењето на новинарот Фуркан Салиу, информираат од таму.

„Во претставката се истакнуваат повредите на правата на новинарот во три главни точки: непрофесионално однесување и употреба на прекумерна сила при лишувањето од слобода од страна на службени лица, поткрепено со материјални докази, принудно бришење на видео материјали од новинари, поврзани со инцидентот, спротивно на законот, постапка која е недозволива и отвора многу прашања поврзани со инцидентот и потенцијалната потреба да биде нешто скриено од јавноста и незаконски претрес на приватно моторно возило.

ЗНМ и ССНМ бараат внатрешната контрола да ги испита овие наводи веднаш, а МВР да преземе соодветни чекори против инволвираните службеници за време на целиот инцидент.

Особено е критично ова да се случи што побргу, бидејќи сме во чувствителен предизборен период. Ова е суштински за да се одвратат потенцијалните идни сторители на повреди на правата на медиумските работници, а со тоа да се заштити слободата на изразување.

Укажуваме дека лишување од слобода на новинари, особено кога тоа се случува при извршување на нивните професионални обврски, е недозволива мерка, посебно во услови кога има индициии дека се прават неколку пропусти при вршење на истата. Потребно е полицијата строго да ги следи утврдените процедури и законот во овие случаи, за да се спречи каква било повреда на правата на новинарите“, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вербална расправија на министерот Тошковски и новинарот Салиу на прес-конференција

(Видео) Ослободен новинарот Фуркан Салиу

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камчев, Панделески и Јосифовиќ се ослободени од куќен притвор, ќе се бранат од слобода

Редакција

Нов закон за СЈО: Колкави ќе бидат платите на специјалните обвинители?

Редакција

Маглa го отежнува сообраќајот на повеќе патни правци низ државата

Редакција