И Влатко Ѓорчев, поранешниот пратеник на владејачката ВМРО-ДПМНЕ стана национален координатор. Тој од страна на Владата на седница одржана минатиот вторник бил назначен за национален координатoр за демографија, млади и човечки ресурси, објави БИРН.
На истата седница за национален кординатор за локална самоуправа била назначена поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска, а за безбедност на храна, Верче Мицевска, кадар на истата партија.
Укината е позицијата национален координатор за кохезија.
Досега Владата го назначи Павле Трајанов за национален координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот, Блерант Рамадани за национален координатор за примена на нови технологии и Солза Грчева за национален координатор за реформи во високото образование.
Фото: Ѓорчев/Фејсбук