еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

И министерот за економија даде подршка за бојкотот на маркетите

Подршка за најавениот бојкот на маркети за утре, даде и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, како и самото Министерство.

Претходно премиерот Христијан Мицкоски изјави дека има лично разбирање за бојкотот, а подршка за истиот стигна и од неговата партија, владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски има разбирање за бојкот на маркетите, подршка и од ВМРО-ДПМНЕ

Дурмиши на Фејсбук напиша дека тоа било граѓанско право на потрошувачите и дека тие имаат право сами да одлучуваат како и каде ќе ги трошат парите.

И тој смета дека маркетите изминативе години енормно ги зголемувале цените на производите без никаква економска логика и меѓудругото пишува дека оваа однесување мора да запре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Бојкот во Хрватска успешен, драматично намален прометот вчера

Утре се очекува во сите земји од поранешна Југославија да има бојкот. Претходниот петок првиот бојкот, кој беше успешен, беше спроведен во Хрватска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Треба бојкот и на кафичи„: Лавина од реакции на социјалните мрежи за бојкот на маркетите

Поранешна Југославија се „обедини“ за бојкот на маркетите

Масовна подршка на социјалните мрежи, ќе успее ли бојкот на маркетите?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипската Пастрмајлијада ќе се одржи на 22 и 23 септември, за догодина се најавува нов концепт

Редакција

Орден за воени заслуги за Трајан Гоцевски, Логистичката база на Армијата и Организацијата на резервни офицери

Редакција

Засега нема пазарни нарушувања и потреба од активирање на државните резерви пченица

Редакција