Измамниците со лажни телефонски повици за сообраќајни несреќи, „олеснија“ 76-годишна жена за 130.000 денари, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„На 17.01.2025 година во 18.30 часот во СВР Скопје, Р.С. (76) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 14.00 часот примила телефонски повик од едно женско лице и едно машко лице, коишто и кажале дека нејзината ќерќа предизивикала сообраќајна несреќа – прегазила дете, и за да не оди во затвор, требала да им даде пари на истите.
Пријавителката, по претходен договор со сторителите, на подрачјето на Драчево им предала 130.000 денари, но набргу сфатила дека била измамена,“ велат од МВР.
Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.