еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Изречени 1.603 казни викендов, половина од нив за брзо возење

Во текот на изминатиот викенд (22/23.03.2025) како резултат на сообраќајните контроли што ги спроведуваат полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, беа издадени вкупно 1.603 платни налози по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Притоа, во рамки на контролите, согласно статистичките податоци по основ на пречекорување на брзината на движење евидентирани се 818 прекршоци, а по основ на непрописното паркирање 177.

Исто така во посочениот период, регистрирани се 138 прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола, потоа за некористење на сигурносен појас изречени се 95 санкции и уште 30 прекршоци за неносење заштитна кацига, како и 45 прекршоци за користење на мобилен телефон при возење.

Покрај ова во текот на викендот беа регистрирани 36 случаи на возачи кои што управувале под дејство на алкохол, деветмина минале на црвено светло, а евидентирани се и 14 прекршоци на пешаци.

Согласно, пак, Законот од сообраќај биле исклучени 47 возила од кои 36 заради тоа што биле нерегистрирани и 11 заради техничка неисправност,“ информира МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП Градски паркинг Тетово вработува пет лица, плата до 36.000 денари

Редакција

ДИК за референдумот за името планира да потроши 169.770.000 денари

Редакција

Бензините поскапуваат за 2,5, а дизелот за еден денар

Редакција