еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поскапуваат за 2,5, а дизелот за еден денар

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари за литар, а цената на дизелот се зголемува за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,29 отсто.

Новата малопродажна цена на „Еуросупер БС-95“ ќе изнесува 84 денари за литар, „Еуросупер БС-98“ ќе се продава за 86, а „Еуродизел“ (Д-Е V) за 85,5 денари за литар. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 1,5 денари за литар, и ќе изнесува 84 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,226 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе се продава за 52,825 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажната цена на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензините во просек за 1,579 отсто и намалените кај дизелот во просек за 1,059 отсто, како и за 0,082 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Абрамович го тужи Советот на ЕУ поради санкциите

Редакција

(Фото) Приведени три лица од фабрика за канабис во кочанско, запленети над шест килограми дрога

Редакција

Ден на македонскиот јазик: Попусто го браниме од соседите кога со неписменост го уништуваме

Редакција