Истрагата за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во кој загинаа 62, а беа повредени 203 лица ќе заврши во предвидениот законски рок од 90 дена, односно до 16 или 17. јуни, вели во интервју за Алсат М, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
На случајот работат 13 обвинители, а моментално истрагата се води за кривичното дело – тешки дела против општата сигурност. Кога истрагата ќе биде завршена ќе се донесе обвинение во кое детално ќе биде образложено секое дејствие на потенцијалните обвинети и ќе се утврди за кое дело евентуално може да се работи, објаснува тој.
Коцевски не ја исклучува можноста за проширување на истрагата со нови лица кои евентуално би можеле да бидат осомничени и обвинети и тоа може да се очекува и до последниот ден на истрагата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зад кои други фирми стоел Дејан Јованов Деко, газдата на дискотеката во Кочани
Фото: Игор Бансколиев