На 2.Август, македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова прво ќе го посети Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце каде ќе има и свое обраќање, а потоа заедно со српскиот колега Александар Вучиќ ќе го посети манастирот Св. Прохор Пчински.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска Давкова и Вучиќ заеднички ќе го посетат манастирот Св. Прохор Пчински на 2. август
Премиерот Христијан Мицкоски со владина делегација ќе биде во Крушево, каде ќе има свое обраќање.
Претседател пак на македонското Собрание, Африм Гаши, празникот ќе го одбележи во Скопје, на Кале, каде и ќе има свое обраќање.
Годинава се одбележуваат 80 години од првото заседание АСНОМ и 121 година од Илинденското востание.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На 1 и 2. август да не се користи делницата Прилеп – Крушево
Фото: Влада