еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поевтинуваат горивата

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар по литар, а дизелот поевтинува за 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 88 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 90,5, а Еуродизел БС (Д-Е V) за 100,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,5 денари за литар и ќе изнесува 97 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,436 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС кој сега ќе чини 49,483 денари.

Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалените референтни цени кај бензините во просека за 1,397 отсто, кај дизелот за 2,84, кај екстра лесното масло за 1,931 и кај мазутот за 0,422 отсто, како и за 0,574 отсто понискиот курс на денаро во однос на доларот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што се бара Бугарија од Македонија: Објавен Објаснувачкиот меморандум

Редакција

(Галерија) Mambo-кафулето од нашето соседство: Кафе преку ден и џин за „по една пијачка“

Редакција

(Фото) Веро отвори нов, модерен маркет во Куманово

Редакција