Прилепска Пиварница АД Прилеп лани остварила приходи, расходи и позитивен финансиски резултат, информираат од таму преку Македонската берза.
-Во текот на 2024 година остварен е вкупен приход во износ од 2.410.690 денари (оперативни приходи – 2.342.007 денари и финансиски приходи – 68.683 денари) и истиот во споредба со остварениот во периодот претходната година од 2.160.776 денари (оперативни приходи – 2.128.314 денари и финансиски приходи – 32.462 денари) e зголемен за 11% (и тоа оперативните приходи се зголемени за 10% и финансиските приходи за 112%).
Во структурата на вкупниот приход најголемо учество има приходот од продажба на производи и стоки во земјата и странство 2.286.447 денари и во вкупниот приход учествува со 94,85%.
Вкупните расходи во 2024 година изнесуваат 2.264.684.денари и во споредба со остварените вкупни расходи во 2023 година од 2.021.809 денари, бележат зголемување за 12%.
Во зголемувањето на расходите поодделно по вредност и процент најмногу учествуваат следните расходи: трошоци за отпис на амбалажа, ситен инвентар и др. со зголемување од 27%, бруто платите се зголемени за 19,36%, расходите за рекламни и маркетинг услуги се зголемени за 35,60%, кое се должи на активностите за одбележување на 100 годишнината од постоењето на компанијата во текот на цела година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прилепска пиварница повторно откупи сопствени акции
30,7 милиони денари за плати и надоместоци за менаџментот на Прилепска пиварница лани