Обвинителот Никола Јолески e избран за в.д. основен јавен обвинител во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Никола Јолески избран за в.д. основен јавен обвинител во ОЈО Струга
Доаѓа на местото на Стојанчо Арнаудовски.
еМагазин разгледа каков имот пријавил според податоци на mkopen.org од 2018 година.
Каков имот пријавил
На свое име пријавил стан во Охрид, кој е подарок.
На свое име пријавил и неколку парцели земјоделско земјиште во Мешеишта и Волино, исто така подарок, неколку пасишта во Рамне, кои се подарок, како и лозје, овошна градина и ливада во Мешеишта, исто така подарок.
На име на сопругата пријавил возило „дачиа дастер“, а на свое „хонда цивик“.
На име на сопругата пријавил и акции, а на свое и музички инструменти и опрема.
На свое име и на име на сопругата пријавил и три кредити, од кои два според дадените податоци треба да се вратени, а за третиот рокот е годинава.
Целиот анкетен лист ОВДЕ.
Фото: Унсплеш