еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Собранието продолжува расправата за реконструкција на Владата

Собранието денеска треба да ја продолжи 104. седница со расправа по предлогот за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити.

Расправата почна во петокот, откако во четвртокот вечерта заврши дебатата за разрешувањето на министерот за здравство Беким Сали. Гласањето за разрешувањето на Сали треба да биде дополнително закажано, а не се одржа, бидејќи немаше доволен број пратеници во собраниската сала.

Покрај разрешувањата на Беким Сали и Адмирим Алити, на дневен ред на 104-тата седница се и разрешувањето на министерот без ресор задолжен за дијаспора, Џемаил Чупи, како и назначувањата на Фатмир Меџити за министер за здравство, Азир Алиу за министер за информатичко општество, Кренар Лога за министер за правда и Каја Шукова за министер за животна средина.

Разрешени треба да бидат и заменик–министрите за одбрана, за земјоделство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу, додека за нови заменик-министри во Владата се предлагаат Тирон Јајага за одбрана, Викторија Аврамовска – Мадиќ за правда, Маја Манолева за здравство, Вјолца Бериша за земјоделство и Агим Нухиу за образование и наука.

Сто и четвртата седница почна на 13 февруари, а Собранието претходно ги констатираше оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на заменик-министрите за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев се уште го држи оптимизмот дека Груевски ќе биде екстрадиран

Редакција

Зашто треба да им се лутиме на нашите политичари, а не на Макрон и Тимоние

Редакција

Беживотно тело на исчезнато 16-годишно момче најдено во реката Пена кај Бањиче 

Редакција