еМагазин
Image default
Бизнис

УНИ Банка лани со добивка

УНИ Банка во 2022 година, оствари позитивни финансиски резултати преку реализација на низа активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со нови атрактивни продукти вклучително и продажба на инвестициско злато и продукти од областа на платните сервиси, информираат од Банката преку Македонската берза

-Остварените вкупни приходи од работење заклучно со последниот квартал од 2022 година изнесуваат 1.932 милиони денари  и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 12.65%.

Најголем придонес во остварувањето на  позитивен финансиски резултат во износ од 341,3 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 58% имаат приходи од камати, кои во споредба со истиот период  од 2021 година се зголемени за 5.2%, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население.

Во вкупните приходи од дејноста на банката, особено треба да се истакне значајниот пораст на приходите од провизии од 19.1%, како резултат на дополнителната услуга посредување во осигурување и растечкиот тренд на дигитализација во користењето на банкарските услуги и продукти и привлекувањето на нови клиенти корисници на наведените услуги

Остварените расходи заклучно со последниот квартал од 2022 година изнесуваат 1.590,6 милиони денари и бележат зголемување од 6.3% во однос на истиот период од  2021 година.

Зголемувањето на расходите се должи, пред се на зголемување на административните расходи како резултат на енергетската криза и ескалацијата на руско-украинскиот конфликт, кој предизвика силен раст и голема променливост на цените на примарните енергенси, што предизвика раст на цените на сите останати производи и услуги, како и на износот на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Делчо Крастев избран за член на Управниот одбор на УНИ Банка

УНИ Банка со добивка во првите девет месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макпетрол со добивка од над 15 милиони евра и раст на приходите за 72% во првите девет месеци

Редакција

Очекуваме забавување на растот на нашата економија како последица на војната во Украина, изјави Ангеловска Бежоска за ХТВ

Редакција

Забрана за вршење дејност за 30 работодавачи поради непочитување на мерките за топлото време

Редакција