еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Макпетрол со добивка од над 15 милиони евра и раст на приходите за 72% во првите девет месеци

Во првите девет месеци од годинава, во време на криза, домашната нафтена компанија Макпетрол АД Скопје покажа финансиски резултати кои ја издигаат на ниво на стабилен и доверлив деловен партнер на македонската економија.

Според Билансот на успех, објавен преку Македонската берза, Макпетрол оствари нето добивка по оданочување од 950 милиони денари или 15,45 милиони евра за првите девет месеци од годинава, а во периодот од јануари заклучно со септември годинава прикажа значителен раст на приходите, за 72% повеќе отколку во истиот период минатата година.

Во овој период, Макпетрол остварил приходи од 451 милиони евра, а во оперативните приходи, најголем удел имаат приходите од продажбата, кои пораснале речиси двојно или за 81%, во вкупен износ од 448 милиони евра.

Растат приходите и на домашниот и на странските пазари. Приходите од продажбата во земјава биле на ниво од 421 милиони евра, што е зголемување за 76%.

Приходите од продажбата на странските пазари, имаат многу помало учество во вкупните приходи, но имаат огромен раст оваа година. Во првите девет месеци се остварени 27 милиони евра во странство, што во однос на истиот период лани е зголемување за 232%.

Намалување има единствено кај ставката останати оперативни приходи, кое пак се должи на фактот што лани во таа ставка беше прокнижена капиталната добивка на компанијата остварена од продажбата на акциите во ГА-МА.

Во актуелниот извештај го нема тој приход, па во првите девет месеци од годинава тие се на ниво од 3,2 милиони евра. Забележано е намалување кај овие приходи од 79% (15,1 милиони евра лани).

Билансот покажува дека и без капиталната добивка од ГА-МА, најголемиот македонски нафтен дистрибутер остварува одлични приходи и финансиски резултат, многу повисок од претходните години, што говори за солиден раст преку кој се реализира и развој на компанијата.

Во билансот за оперативните расходи е наведено дека во првите три квартали тие изнесувале 436 милиони евра (раст од 80%) и се должат главно на зголемената набавна вредност на трговските стоки. Зголемување има и во ставката за трошоците за суровини, а трошоците за вработените се зголемени за 13 отсто, што покажува на зголемување на платите и на нови вработувања во компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ за ноември ќе набави природен гас од „Макпетрол“

„Макпетрол“ АД Скопје овозможи онлајн нарачки и плаќање на екстра лесно масло за домаќинство EL-1

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1 јули свадби ќе се организираат и во затворен простор до максиумум 250 гости

Редакција

Винарската визба Попова кула лани работела со загуба

Редакција

Ѓорѓи Јованов купи акции од „Алкалоид“

Редакција