еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Хусни Исмаили, новиот потпретседател на Собранието

Поранешниот министер за култура и актуелен пратеник на Алтернатива, Хусни Исмаили вчера беше избран за потпретседател на македонското Собрание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хусни Исмаили избран за нов потпретседател на Собранието

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист, кој го доставил до Антикорупциска комисија, кога станал пратеник.

Каков имот пријавил

Според неговиот анкетен лист, на свое име пријавил деловен простор во Тетово од наследство, две куќи во Тетово, едната е од наследство, два стана во Тетово, а стан пријавил и во Струга, но не дал податок чив е.

На свое име пријавил и земјиште во Лисец, а на име на родителите пријавил земјиште во Тетово од наследство.

Вози Ауди 4, а на име на децата пријавил и возило Фолксваген.

Пријавил и чамец, за кој не дал податок чив е, како и возило Пежо, за кое исто не дал податок во чија сопственост е.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Американскиот дипломат со полна агенда: Филип Рикер ги насмеа сите освен Али Ахмети

Редакција

(Фото) МВР води истрага за причините за пожарот во Дрисла

Редакција

Украина нема да дозволи транзит на руски гас додека не ги контролира гасоводи

Редакција