еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) МВР води истрага за причините за пожарот во Дрисла

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) соопшти дека од страна на МВР се води истрага за причините за настанување на пожарот што утрово се појави во скопската депонија Дрисла.

Како што велат од таму, од страна на одговорно лице за животна средина во Дрисла, согласно обврската од А-Интегрираната еколошка дозвола телефонски и по е-пошта утрово е добиено известување дека денеска во раните утрински часови (околу 04:00 часот) е опожарена депонијата Дрисла.

-Веднаш се информирани противпожарната служба и службата на МВР – Скопје. Пожарот беше гасен со сопствена механизација и средства, како и со асистенција на неколку возила од противпожарна служба. Пожарот е локализиран и изгаснат околу 08:30 часот.

Во моментот се води истрага за причините на негово настанување од страна на МВР-Скопје, за што ДИЖС ќе биде информиран во континуитет, велат од таму.

ДИЖС, вчера информираше и за вонреден инспекциски надзор во депонијата Дрисла по дојава за загадување на Маркова река.

-По телефонска информација од граѓани од Батинци, Студеничани за загадување на Маркова река во претпладневните часови на ден 4 септември е извршен вонреден инспекциски надзор од страна на Генерален инспектор за животна средина кај правен субјект Дрисла и на потегот влив на канал во Маркова река, при што од страна на акредитирана лабораторија за животна средина се земени три мостри од водата за лабораториски испитувања, по што ќе се финализира инспекциската постапка.

При увидот визуелно е утврдено загадување на водите на Маркова река со црно-кафеава течност, наведуваат од ДИЖС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Густ чад се шири од депонијата Дрисла

Фото: Фејсбук/ДИЖС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер-реакции за азилот на Груевски: Уживај си ги парите и е.и си мајката

Редакција

Наталија Тасевска и Елвин Вели избрани за обвинители во Јавното обвинителство

Редакција

Со нов извод за само 250 денари до бугарски пасош, пропагираат од бугарска фондација до македонските граѓани

Редакција