еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Со нов извод за само 250 денари до бугарски пасош, пропагираат од бугарска фондација до македонските граѓани

Бугарската фондација “Македонија“ на Виктор Стојанов, кој е прогласен за непожелен во Македонија виде нова можност за својата пропаганда во одлуката на македонското Министерство за правда во изводите од матичните книги на родените да има и графа за етничка припадност.

Од фондацијата пропагираат дека сега за само 250 денари може да се дојде до бугарски пасош.

„Според новиот закон, можете да го ажурирате изводот на родените и да напишете националност: бугарска. Сега проверуваме дали ова ќе ви даде можност со сигурност да добиете бугарско државјанство, но треба да напишете бугарска припадност во изводот на родените и со сигурност да добиете бугарско државјанство врз основа на бугарско потекло и самосвест.

Вадете масовно вакви документи од С. Македонија, во кои ќе пишува националност бугарска. Чини 250 денари“, стои во повикот до „Бугарите во Северна Македонија“ на Фејсбук страната на Стојанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Виктор Стојанов, кој нуди 200 евра за име и презиме на македонски полицаец

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството ќе ги испрашува „другарите“ на Груевски од Будимпешта

Редакција

(Фото) Во Скопје денеска состанокот на лидерите од Западен Балкан, еве кој се дојде во Македонија

Редакција

За 24 часа регистрирани 487 нови случаи на Ковид-19, во Скопје 230

Редакција