еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Народна банка: Инфлацијата и натаму е висока и над историскиот просек

Во согласност со очекувањата, во мај 2023 година, годишната стапка на инфлација и натаму забавува, а забавување бележи и базичната инфлација, којашто во мај се сведе на едноцифрено ниво, информираат од Народна банка (НБ).

-Сепак, инфлацијата и натаму е висока и над историскиот просек, а базичната инфлација којашто сѐ уште е висока упатува на тоа дека преносните ефекти од цените на енергијата и храната сѐ уште не се целосно исцрпени.

Очекувањата за идната динамика на цените на примарните производи на берзите се засилуваат во надолна насока, но и натаму се проследени со неизвесност. На девизниот пазар движењата се поволни, а растат и приливите на менувачкиот пазар. Во такви околности, Народната банка е присутна на девизниот пазар со откуп на вишокот девизна ликвидност.

За стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа, водечките централни банки продолжуваат со затегнување на монетарната политика, но интензитетот е поумерен. Имено, од аспект на странската каматна стапка, на состанокот во јуни, Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука за зголемување на основните каматни стапки за дополнителни 0,25 п.п., во согласност со изгледите за одржување на инфлацијата на повисоко ниво подолг период од очекуваниот.

Во однос на најновите показатели, кај домашните цени, во мај 2023 година годишната стапка на инфлација и натаму забавува сведувајќи се на 11,3% (13% во претходниот месец), во согласност со оцените за забавување на стапката на инфлација во рамките на априлскиот циклус проекции.

Забавувањето на годишната стапка на инфлација е условено од забавениот раст на цените кај сите три компоненти. Ревизиите во однос на очекуваните движења кај надворешните влезни претпоставки за проекцијата на инфлацијата се главно во надолна насока.

Сепак, и натаму е нагласена високата неизвесност во движењето на светските цени на примарните производи во следниот период, при неизвесни економски ефекти од војната во Украина, велат од НБ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народна банка повторно ги зголеми каматните стапки

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) “Богородице Дево” во изведба на Сузана Спасовска и црковниот клирос „Пелагонитиса“

Редакција

По сведочењето на Верушевски: Сите очи вперени во советникот на премиерот Зоран Заев

Редакција

Турција ќе ја пушти Шведска во НАТО ако САД овозможи продажба на авиони Ф-16 на Анкара, вели Ердоган

Редакција