Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ е новата министерка за финансии.
еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Антикорупциска комисија кога станала пратеник на последните парламентарни избори. Сега ќе треба да поднесе нов.
еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле новите членови на Владата, за кои се достапни податоци, односно и досега извршувале некаква државна функција, па имале законска обврска да го пријават истиот.
Тие што не извршувале досега функција, податоци за имотот до Антикорупциската комисија ќе треба да достават во рок од 30 дена.
Каков имот пријавила
На свое име пријавила стан во скопски Центар, стекнат со договор за купопродажба, а таму стан пријавила и на име на сопругот, кој е подарок.
На име на сопругот пријавила и градежно изградено земјиште во Горно Соње, скопско.
На име на сопругот ја пријавила и фирмата КФК Дооел.
На свое име и на име на сопругот пријавила и полиси за животно осигурување.
Пријавила и три кредити, еден на свое име и два на име на сопругот, но не дала податок кога се земени и кога треба да се вратат.
Има приходи и од изнајмување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Владо Мисајловски, новиот министер за одбрана
Каков имот пријавил Тимчо Муцунски, новиот министер за надворешни работи и надворешна трговија
Фото: Димитриеска Кочоска/Фејсбук