еМагазин
Image default
Спорт

Карате клубот „Макпетрол“ со 10 признанија на изборот за најдобри според КФМ за 2024 година

Карате федерацијата на Македонија (КФМ) ги избра најдобрите за 2024 година, а 10 од доделените признанија припаднаа на „Макпетрол“. На свечена промоција беа избрани најдобрите спортисти, тренери и клубови за изминатата 2024 година. Каратистите на скопскиот клуб и на овој избор повторно се најмногубројни и најдобри во највозрасните категори на спортисти.

Во највозрасните категории на сениори прворангиран е Петар Заборски, додека на втора позиција е Петар Спасеновски. Кај помладите сениори (У21), имаше апсолутна доминација на „Макпетрол“.

Најдобар е Стефан Стојановиќ, втор е Витомир Трајковски и трет е Данило Божовиќ.

Во женска конкуранција уште едно прво место во помлади сениорки (У21), каде што прворангирана е Јована Мицовска. Спортистката Викторија Јовановска е трета кај сениорките, а кај кадетите во дисциплината кати Никита Лековски го зазема второто место.

За најдобар тренер во младинска конкуренција, веќе трета година последователно, избран е тренерот на „Макпетрол“, Петар Заборски, и признанието за најдобар клуб во младинска конкуренција му припадна, исто така, на клубот од Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија суспендирана од големи спортски натпревари поради допинг скандал

Редакција

Роналдо го купи шпанскиот фудбалски клуб Реал Ваљадолид

Редакција

“Макпетрол“ е најтрофејниот македонски карате-клуб на светските натпреварувања

Редакција