еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Русија суспендирана од големи спортски натпревари поради допинг скандал

Руската федерација поради допинг-скандал доби суспензија од Светската анти-допинг агенција (WADA) во наредните четири години од престојните големи светски натпреварувања како што се Олимписките игри во Токио 2020 година, Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година и Светското фудбалско првенство во Катар.

Ваквата одлука доаѓа откако истрагата покажала дека во Русија биле бришени лабораторски наоди и биле фризирани извештаите за тестовите за допинг.

Руските спортисти, кои ќе успеат да докажат дека не користат недозволени средства ќе имаат право индивидуално да се натпреваруваат на олимпијадите, но под неутрално знаме.

Инаку, Русија и во минатото беше суспендирана. На Зимските олимписки игри во Пјонгчанг 2018 дури 168 спортисти настапуваа под неутрално знаме откако беше откриена манипулација со допинг резултатите за време на претходните Олимписките игри во Сочи 2014.

Фото: Medium

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рама: Доколку Бугарија продолжи да става вето, отворено ќе побараме одвојување од Македонија

Редакција

Екстремните временски услови за 40 години убија речиси 200 илјади луѓе и предизвикаа штета од 560 милијарди евра

Редакција

Каква е состојбата со граничните премини на соседните и околните држави

Редакција