еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кај кого МВР при акцијата за отровниот мазут најде и оружје?

Истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, која се однесува за злоупотреба при набавка на мазут со сомнителен квалитет и потекло за ТЕЦ Неготино, но и перење пари, е во фокусот на јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Капушевски и Јахоски осомничени за злоупотреби при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино вредна 167 милиони евра: Детали од Обвинителството

Досега со оваа истрага се опфатени 13 лица и едно правно лице, а сопствениците на “РКМ“, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски. како и Адриан Муча, поранешен директор на сектор во државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), добија 30-дневен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Капушевски во притвор, Јахоски во домашен притвор

Сопственикот на „Пуцко петрол„, Асмир Јахоски, пак доби домашен притвор, а уште седум лица, меѓу кои и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е во бегство, добија мерки на претпазливост.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) пак вчера информираа дека во акцијата поврзана со истрагата, при претреси на неколку локации низ Македонија, се пронајдени и се одземени документација, пет мобилни телефонски апарати, три патнички моторни возила, но и околу 1.500 парчиња муниција од различен калибар и два пиштоли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од МВР за апсењето на Капушевски и Јаоски: Запленето и оружје

Засега нема официјална информација каде е најдено оружјето, а порталот Нетпрес вчера објави дека при претресот во домот и канцелариите на Јахоски, е пронајден сеф со оружје и кеш пари.

Порталот исто така објави дека таткото на Јахоски, Исмаил Јахоски, пратеник на ДУИ, одбивал да ги отвори вратите од службените канцеларии, одбивајќи ги наредбите на полицијата и повикувајќи се пратеничкиот имунитет.

Додека тимот на полицијата се подготвувал да влезе за да го спроведе претресот, тој се обидел прв да дојде до одредена документација и електронски уреди кои можат да го поврзат со спорните набавки.

Нема официјална потврда за овие информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои други лица освен Капушевски, Јаоски и Ковачевски се опфатени со истрагата за отровниот мазут

И Васко Ковачевски е опфатен во истрагата во која беа приведени Капушевски и Јаоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Драма во Загреб: Како полицијата се справува со лица кои не носат маска во јавниот превоз

Редакција

Ремзи Мемеди од Алијанса на Албанците нов пратеник

Редакција

Премиерот Санчез од Скопје: Можете да сметате на поддршката од Шпанија за членство во ЕУ

Редакција