На 18. септември белгиската Амбасада во Македонија информираше дека е исчезнат нивни граѓанин.
Станува збор за Ј.М. (72), кој имал план да планинари во регионот на Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар (Битуше), како и на север кон Албанија.
Нема потврда дали лицето се упатило на планинарење и кои од овие локации ги поминало.
Од Националниот сојуз за планинско спасување вчера информираа дека пет дена се трага по него.
Во акцијата за пребарување и спасување се вклучени националните спасителни тимови на Македонија, Албанија и Косово, како и Интерпол и Граничната полиција.
И покрај темелното пребарување на етапите од 14 до 20. септември на македонска и албанска територија, сè уште не е пронајдена ниту една трага од исчезнатиот турист.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.