еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кираца Трајковска прва го поврзала грабнувањето на Вања со исчезнувањето на Панче

На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, сведочеше и Кираца Трајковска, мајката на Гоце Трајковски, пријател на таткото на Вања, Александар Трајковски, еден од обвинетите, со кој заедно прегледувале снимки по нејзиното исчезнување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сведокот Трајковски, кој ги прегледувал снимките со таткото на Вања, не дојде на судењето, имал паничен напад

Таа меѓудругото објасни дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо и е зет од втора братучетка, а со таткото на Вања се знае од старо кумство, како и од Фершпед.

– Старо кумство, од времето на женидбата со мојот свекор. Тие нам ни се кумови. Плус, Сашо одамна работеше во Фершпед. Во Фершпед бев заменик генерален директор, одговори таа на прашање од каде се знае со фамилијата Ѓорчевски.

За исчезнувањето на Вања дознала од објавата на Фејсбук на нејзината мајка Зорица Ѓорчевска.

– Ја видов објавата на Зорица на Фејсбук. Гоце ме праша кое е девојчето, му реков дека е на Сашко ќерката. На почетокот, јас, ќерка ми, зетот, зборувавме што ли е работата и на почетокот сметавме дека е во години кога можеби излегла да се прошета со момче, па зборувавме дали имала комуникации со други деца, па помисливме да не се работи за некоја врска со момче од некоја друга националност, на сѐ помислувавме, рече таа, а подоцна стапила во контакт со нив и им рекла дека син и Гоце Трајковски ќе дојде да му помогне.

– Во тој момент сите бевме истражители. Знаеме дека во такви моменти родителите се збунети, се губат, не резонираат добро, па сакавме сите да помогнеме. Саше е мирен и повлечен, а Гоце има многу пријатели, па може ќе помогне.

Вториот ден тргнаа по улиците да бараат камери. Гоце влегувал во кафичи, во распаднати куќи во Дебар Маало, ја бараа пешки. Се вклучија и други, ќерка ми го преобјави статусот од Зорица, и дента добивме сознание дека Вања влегла во бело возило. Јас во тие денови бев во Белград, кај ќерка ми. Комунициравме преку телефон, рече таа.

За потрагата ја информирал син и.

– Одеше по улица и бараше по кои куќи и згради има камери. Тој забележал дека на самиот агол кај зградата, на паркингот кон хотелот едно 10 метри од влезот нема покриеност со камери. Гоце ми рече, девојчето се губи во самата зграда. Непријатно ми е, но ја прашав Зорица дали Вања воопшто спиела ноќта дома.

Зорица рекла да. Па ми рече дека е можно да ја грабнал некој педофил во зградата. Па ги викале другите станари од зградата, проверувале и во просторија во подрумот, дошол некој човек да им отвори, виделе дека и таму е празно. За да добие снимки од еден дуќан дури лажно се претставил дека е инспектор. На едни снимки ја виделе Зорица како трча по улицата.

Два дена се бараше девојчето на снимки за да се види пешки дали ја има, на третиот ден решија да бараат коли. На една снимка видоа издувни гасови од кола која тргнува во тој момент, и бело возило пикап пред тоа возило. Кога ја најдоа колата сомнителна, најдоа информација дека е исчезнат Панче Жежовски.

Гоце провери преку пријатели, дозна каква кола има Жежовски, дека е истата боја како на снимките што ги гледавме. Ние се посомневавме во Жежовски. Помисливме дека тој ја зел, му ги проверив сите профили на Фејсбук… сешто помисливме, да се изивинам на семејството на Жежовски. Јас го поврзав со еден мој роднина од Велес, јас сум по мајка велешанка, најдовме и други снимки, рече таа.

Таа прва го поврзала грабнувањето на Вања со исчезнувањето на Панче.

– Јас видов објави дека Панче го нема. Интуиција. Се распрашувавме кој е човекот што го нема. Го поврзав син ми Гоце со роднина од Велес, за заедно да соработуваат и да продолжат да истражуваат. Најдоа снимка од Велес, од бензинска пумпа, каде се гледа Панче како го вози цитроенот и уште еден со него. Регистрацијата се гледаше, рече таа.

Таа доби и прашање од Палевски, која ја праша дали смета дека тој можел да ја убие Вања, на што таа одговори.

– Не. Дури и ако биле причина парите, не.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите на таткото на Вања потврдија дека е поранешен зависник од дрога

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ ќе тестира дали топланите Исток и Запад може да работат и на дизел

Редакција

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на Државниот санитарен и здравствeн инспекторат за набавка на две возила вреден 21.000 евра

Редакција

Починаа двајца нови пациенти заразени од Ковид-19

Редакција